Мајстори од Битола и Струмица: Ги погодија двата пресврти во Конференциската лига и си ќарија по 2.000 евра (Фото)

Двајца „мајстори“ на типувањето од Битола и Струмица ги одиграа двата пресврти на полуфиналните натпревари од Конференциската лига и од денес се побогати за по 2.000 евра.

Играчите на тикетите вложија по 100 денари и успеаја да погодат квоти од 51 и 26 на дуелите Фиорентина – Базел, односно Вест хем – АЗ Алкмар.

Но, како течеа мечевите? Фиорентина поведе во 25-тата минута, а малку повеќе се чекаше за двојка во првото полувреме на Островот, каде што АЗ Алкмар поведе во 41-вата минута.

Во второто полувреме обратна слика. Вест хем прави брз пресврт со голови во 67-мата и 76-тата минута, а Базел израмни во 71-вата минута. Голот за голема добивка беше постигнат во третата минута од судиското продолжение на регуларното време, кога Амдуни го пронајде патот до мрежата на Фиорентина за голема радост во Битола и Струмица.

Видео од головите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести