Рома минимално, Јувентус се спаси во 97-мата минута, а Базел и Вест хем забележаа победи со пресврт (Видео)

Екипите на Рома и Севиља со минмална предност од првите натпревари ќе ги очекуваат реваншите против Баер Леверкузен, односно Јувентус.

Римската волчица дури во второто полувреме ја обезбеди победата откако Едоардо Бове прецизно стрелаше во 63-тата минута.

Дуелот Јувентус – Севиља заврши нерешено, 1-1, откако Гати дури во 97-мата минута успеа да израмни и да го спаси домаќинот од неочекуван пораз на домашен терен.

Ефикасно и возбудливо беше во Конференциската лига, каде што победи забележаа екипите кои губеа на полувремето.

Екипата на Базел со головите на Диуф и Амдуни направи комплетен пресврт и забележа голема победа на гостувањето кај Фиорентина со 2-1.

Слично беше и на дуелот Вест хем – АЗ Алкмар, но тука домашните победија со 2-1 откако направија комплетен пресврт во второто полувреме со головите на Бенрахма и Антонио.

Сите голови од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести