Мајсторија: Постигна гол за победа во 93 минута и тоа со шут од својата половина (Видео)

Фудбалерите на Колумбус Кру го победи Чикаго фајр со 2:1 во меч од 17 коло на МЛС првенството. По првите 45 минути немаше голови, а потоа Колумбос поведе со 1:0, за да Џердан Шаќини израмни на 1:1.

Се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат, но така не мислеше Лукас Зеларајан. Во третата минута од судиското надополнување, Зеларајан прифати една топка на средината од теренот и со шут од сопствената половина, односно од преку 50 метри, успеа да постигне феноменален погодок за победа на неговиот тим.

https://twitter.com/i/status/1667723448645214208

- Оглас -

Најнови вести