„Мајсторски“ автогол го реши Олд Фирм дербито во Глазгов (видео)

Ренџерс со минимални 1-0 славеше во вечното дерби против Селтик за зголемување на бодовната предност на табелата во шкотската Премиер лигата над лутиот ривал.

Во дербито какво што се очекуваше и посакувавме да се одвива, видовме  гладијаторска борба на старите ривали исполнета со карактерични стартови, а ниту картоните недостасуваа.

Откако Битон заработи директен црвен картон и ги остави гостите на цедило, Ренџерс притисна да ја искористи ситуацијата. Така во 70-тата минута при корнер на домаќините, Мекгрегор заби ефектен автогол со глава и го постави конечниот резултат на „Иброкс“ стадионот.

https://www.youtube.com/watch?v=s20BeqVKPzM&feature=youtu.be

Ренџерс сега има 19 бода повеќе од Селтик и цврсто стои на врвот на табелата, меѓутоа Селтик има три натпревари помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести