Макаби треба да ја искористи фаворитската улога во градското дерби

Макаби Хаифа – Хапоел Хаифа (19:15ч, 15-то коло од израелската Прва лига)

За Макаби да го одржи чекорот со истоимениот тим од Тел Авив на врвот на табелата, ќе треба да ја оправда фаворитската улога во градското дерби против Хапоел. Домаќините се во одлична форма, веќе 10 меча во првенството не знаат за пораз, а пред своја публика се речиси перфектни со четири победи од вкупно шест меча.

Оваа форма, како и нивниот расположен голгетер Никита Рукавица, кој моментално е втор стрелец во шампионатот со седум гола, може да биде мотив за Макаби конечно да победи во дуелите проти Хапоел бидејќи веќе осум меча нема остварено позитивен резултат. Хапоел славеше на последните две гостувања кај Макаби, но вечерва тешко дека гостите ќе си заминат со кренати глави од „Сами Офер стадионот“.

Предлог тип: 1 & Т12+ (1.87)

 

Бнеи Јехуда – Макаби Тел Авив (19:15ч, 15-то коло од израелската Прва лига)

Актуелниот шампион досега е непоразен во 14 натпревари, од кои доби дури 10, па сосема заслужено ја предводи трката за шампионската титула. Макаби вечерва ќе треба да ја продолжи таа низа ако се знае дека победа на гостувањата кај Јехуда е нешто што редовно го остварува најпознатиот израелски клуб.

Домашниот состав е на прагот да го запише и четвртиот меч во низа во кој нема да види три бода, а од минатите меѓусебни пресметки може да се заклучи дека во овој дуел нема потреба да се чекаат многу голови.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.90)

 

Хапоел Хадера – Хапоел Бер Шева (18:30ч, 15-то коло од израелската Прва лига)

Ако се гледаат меѓусебните дуели, овој меч би требало лесно да му припадне на гостинскиот состав, но проблем е што Бер Шева е во лоша форма и има четири порази во последните пет првенствени средби. Сепак, за нив е добро што ниту тимот од Хадера не е посебно расположен бидејќи во минатото коло победи за првпат по два месеци пауза.

Како екипи кои лесно примаат голови, овој меч може да се типува дека ќе биде забавен од тој аспект.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.70)

 

Хапоел Кфар Саба – Шмона (18ч, 15-то коло од израелската Прва лига)

Во меч од лигашки рамки, Шмона се нема израдувано на победа против екипата од Кфар Саба веќе една деценија, додека како гости последен пат славеа во 2008 година. Хапоел доби четири од последните пет меѓусебни дуели, така што лесно може да се предвиди нов триумф на домаќините.

Во последните пет средби три гола се просек, а би требало и во овој меч да се одржи учинокот.

Предлог тип: ГГ (2.0)

 

Ел Ентаг ел Харби – Замалек (18:30ч, 10-то коло од египетска Премиер лига)

На шампионот од 2015 година му е потребна победа за да може да остане во игра за врвот во првенството, но и тимот од Каиро е во слична позиција и сака да им се наметне на останатите водечки екипи. И Ел Ентаг и Замалек имаат по 14 бода во првиот дел од сезоната, а нема да биде изненадување ако гостите кикснат бидејќи имаат погуст распоред во однос на противникот во изминатиов период.

Заморот може да биде клучен фактор, па ниту фактот што Замалек славеше на три од последните четири гостувања во Каиро нема да одигра улога ако домаќините најдат победнички рецепт.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести