Велат дека за да се направи добар омлет потребни се неколку јајца. Во случајот на Ромелу Лукаку доаѓа дека за да почне повторно да постигнува голови и да биде опасен за противничките одбрани, тајната била во неколку јајца.
Напаѓачот на Манчестер јунајтед е во одлична серија од погодоци. На последните три меча на „црвените ѓаволи“ тој дава по два гола и е најзаслужен за победите против Кристал Палас, Саутемптон и Пари Сен Жермен. Лукаку делува како во најдобрите денови, а причината за тоа е ногу едноставна.
Белгискиот репрезентативец решил да го смени начинот на исхрана пред мечевите. Тој преферирал да јаде макарони, шпагети и друг вид на тестенини, но тоа веќе е минато. Сега, оброкот пред мечот му е јајца и шунка. Откако е сменет начинот на исхрана, Лукаку е незадржлив на теренот.
Сигурно и денеска пред дерби дуелот против Арсенал, Лукаку нема да конзумира тестенини, туку неговиот оброк повторно ќе бидат јајца и шунка, а останува да видиме дали неговата голгетерска серија ќе продолжи и во Лондон.