Маката на фудбалерите: Кога ќе ја завршиш кариерата, жените веќе не те сакаат

Некогашниот француски репрезентативец Луис Саха имаше добра кариера која ја помина во клубови како Манчестер јунајтед, Евертон, Тотенхем, а на крајот заврши во Лацио, кога и стави крај на активното играње. Напаѓачот најпопуларен беше кога четири сезони го носеше дресот на Манчестер јунајтед, со кој се радуваше и на титули во Премиер лигата.

Откако се повлече од фудбалот, Саха речиси воопшто и не е активен во спортот, а сега го привлече вниманието со неговата објава дека се развел од својата сопруга. Голгетерот преку сојцијалните мрежи објасни дека причината за неговиот развод е тоа што повеќе не е фудбалер.

„Живееме во многу тажно време и тажен свет. Тоа што може да го забележиме е дека многу жени на фудбалери ги напуштаат своите мажи откако ќе заврши нивната играчка кариера затоа што повеќе не им се интересни. За жал, јас сум еден од тие фудбалери“, има напишано Саха покрај сликата со сега веќе неговата поранешна сопруга.

 

- Оглас -

Најнови вести