Македонскиот првак може да биде задоволен од ждрепката: Струга ТЛ има отворен пат до групната фаза од Конференциската лига

Македонскиот првак Струга Трим Лум во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА за ривал го има Есперанж од Луксембург. Доколку стружани успеат да го елиминираат овој ривал, во плејоф-фазата за пласман во групите од најслабото клупско натпреварување на УЕФА ќе се сретне против поразениот од двомечот Зрињски – Брејдаблик.

Првите мечеви од плејофот за пласман во групите на Конференциската лига ќе се играат на 24 август, додека реваншите се закажани за 31 овој месец.

Двојки за плејофот во Конференциската лига на УЕФА се:

Струга/Есперанж – Зрињски/Брејдаблик

Балкани/Линколн – Шериф/БАТЕ Борисов

Жалгирис/Хакен – Хамрун/Ференцварош

Фарул Констанца/Флора Талин – Каранах/Хелсинки

Астана/Лудогорец – Валмиера/Партизани

Фенербахче/Марибор – Твенте/Рига

Арис/Динамо Киев – Бешикташ/Нефчи

Санта Колома/АЗ Алкмар – Арука/Бран

Рапид Виена/Дебрецен – Фиорентина

Розенборг/Хартс – Хајдук/ПАОК

ФЦСБ/Нпртсјеланд – Сабах/Паартизан

Осасуна – Бриж/Акурејри

АЕК Ларнака/Макаби Тел Авив – Целје/Неман Гродно

- Оглас -

Најнови вести