Македонецот е вистински голгетер, го фалат Шкотите – Бојан ја „црпна“ мајсторски против Мадервел (Видео)

Бојан Миовски не дозволи нов неуспех на Абердин и со два гола денеска против Мадервел е најзаслужен за победата од 3:1 против Мадервел.

Македонскиот репрезентативец за пет минути во второто полувреме постигна два гола, а вториот беше мајсторски.

Миовски во 69. минута доби одлична топка во шеснаесетникот и фудбалски, во голем стил го лобуваше голманот на Мадервел, кога Кели тргна кон него во обид да одбрани.

И првиот гол на Миовски беше убав, откако повторно во свој стил избегна офсајд и остана сам пред голманот на гостите, па со лесен удар го совлада во 64. минута.

Абердин по 25. кола има 32 бода на седмото место и е на една позиција под зоната за настап во плејофот и битката за титулата во Шкотска.

Миовски со денешните два гола има вкупно 14 погодоци и е трет стрелец во Шкотска, зад Фурухаши од Селтик со 18 и Шенкланд од Хартс со 17.

- Оглас -

Најнови вести