Македонија го прелета Исланд на крилјата на фантастичната Сара Ристовска

Сара Ристовска одигра феноменален меч за Македонија против Исланд и со 11 голови ја разби одбраната на гостинките во премиерната победа од 24:17.

Крилото на македонската репрезентација прикажа врвна ракометна претстава и со 11 голови беше и најефикасна и најдобра ракометарка на теренот.

И помогна и искусната Георгиевска со шест гола, а одлично бранеше и голманката Серафимова, која фати 8 топки. Мечот го почнавме лошо и Исланд набрзина поведе со 7:2, откако Македонија во еден период не постигна гол цели 13 минути.

Но, за среќа се разигра Ристовска, потпомогната од соиграчките, ја подобривме одбраната и со серија од 6:0 поведовме со 8:7. На полувремето Македонија замина со предност од 11:8, но повторно имавме лошо старт на вториот дел.

Исланд набрзина поведе со 13:12, но за среќа и не успеа да ги освои бодовите. Утре ќе го играме вториот меч, против Литванија, повторно од 17 часот, а ни треба уште една победа за да го чекаме противникот во баражот, што ќе биде одреден на ждрепката во понеделник.

Последниот меч во оваа фаза ќе го играме со Грција задутре од 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести