Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево го игра и вториот меч од првиот турнир на Европската златна лига на ЦЕВ. Првотивник на нашите одбојкари е домаќинот на турнирот, селекцијата на Словачка, против која никогаш претходно немаме одиграно официјален меч.
Словаците во 2021 година беа гости на Меморијалот „Чајка“ и тогаш во Скопје нѐ совладаа со 1-3, а фаворити се и на денешниот меч. Квотата во Sport Life за победа на Словачка е 1.56, но затоа има фантастична квота за победа на Македонија, која изнесува 2.35.
Вреди да се одигра патриотски на нашите одбојкари, кои после поразот од Финска, ја бркаат првата победа во новото издание на Златната лига.