12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Македонија доби двајца нови натурализирани кошаркари

Македонската кошаркарска федерација објави дека машката сениорска репрезентација на Македонија во новиот циклус од претквалификциите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе биде дополнително засилена, од денеска и официјално, нови македонски државјани се Нејт Сестина и Омари Мур.

Станува збор за одлични кошаркари кои се дел од Евролигата, а селекторот Марјан Илиевски ќе може да бира кој од нив двајца, или Џејкоб Вајли кој останува опција, ќе биде искористен како натурализиран играч на претстојните мечеви кон крајот на месецов со Азербејџан дома и со Ирска на гости.

Сестина е 28-годишен крилен центар кој дебитираше во Евролигата пред две сезони во дресот на Фенербахче, потоа беше во Валенсија, каде ја одигра минатата сезона, а од пред еден месец е член на најтрофејниот италијански клуб Армани Милано.

Со своите 204 сантиметри и 106 килограми, Сестина може да игра на двете центарски позиции.

За разлика од него, Мур е бек. Има 25 години, а од летоска е играч на шпанска Валенсија каде е еден од главните поединци. Тој секако може да биде големо засилување доколку имаме потреба од разигрувач и поентер, а селекторот треба да реши да користи некој од повисоките натурализирани Македонци или бекот Мур.

- Оглас -

Најнови вести