Фаворитот Белгија има водство од 0-1 по половина час на Арената Тодор Проески, а Македонија може да жали затоа што само две минути претходно во една акција двапати го погодивме дирекот. Прво Елиф Елмас со шут од 25 метри, а потоа и Алиоски од одбиената топка погоди во другиот дирек. Во следната акција, 0-1 за Белгијците.
Maxim De Cuyper | 🇲🇰 North Macedonia 0-1 Belgium 🇧🇪 pic.twitter.com/SwSvqwFKss
— JONERO♏♂️ (@JONERO10) June 6, 2025
Белгија поведе со голот на Максим де Кујпер во 29-тата минута. Тој се најде на вистинското место и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата. Шутираше Лукаку, нашите дефанзивци блокираа, но најсреќен во ситуацијата беше Де Кујпер.