Македонија ги добива противниците во квалификациите за СП 2022: Ова се некои од најлудите комбинации

Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне ќе ги добие противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Нашата селекција пред два месеци направи историски успех со пласманот на Европското првенство, а сега следната мисија е да се обиде да стигне и до планетарниот собир.

Според последното рангирање на ФИФА, Македонија ќе биде во четвртиот барабан, заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Тоа значи дека овие репрезентации не може да се паднат со Македонија во група.

Според правилата, вкупно 55 селекции ќе бидат поделени во 10 групи. Пет групи ќе имаат по шест национални селекции, а останатите пет ќе бидат со по пет репрезентации. Постојат многу комбинации за тоа каква група може да добие Македонија, а ние ви претставуваме неколку интересни можни опции за група на Македонија во квалификациите за СП 2022.

Група на смртта: Франција, Швајцарија, Норвешка, Македонија и Ерменија.

Група која може да нѐ однесе на СП 2022: Данска, Романија, Финска, Македонија, Андора, Сан Марино.

Балканска група: Хрватска, Србија, Грција, Македонија, Косово.

Група со долги патувања: Португалија, Велс, Исланд, Македонија, Казакстан.

- Оглас -

Најнови вести