Македонските екипи кои ќе играат во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на конференции, ги добија можните противници во второто коло.
Освојувачот на Купот, екипата на Македонија ЃП доколку го помине првото квалификациско коло во кое игра против РФС Рига, во следната рунда ќе игра против азербејџанскиот Сабах.
Шкупи доколку го елиминира Хегелман во првата квалификациска рунда, во следното коло ќе има двомеч со Левски Софија.
Шкендија, која на стартот од квалификациите игра против Хаверфордвест каунти, во второто квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Б36 Торшавн и естонскиот Паиде.
Шампионот Струга ТЛ пред еден час го дозна противникот ако го елиминира Жалгирис, а сега го доби и противникот ако не успее да биде подобар од литвантскиот тим. Во случај на елиминација од квалификациите за ЛШ, Струга ТЛ би ги продолжила настапите во квалификациите за Конференциската лига и можен противник ѝ е финалист од прелиминарната рунда.
Првите натпревари од второто квалификациско коло ќе се играат на 27 јули, а реваншите на 3 август.