Македонија и Бугарија одиграа без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во меч од последното коло од групната фаза во Лигата на нациите. На Македонија доволно и е да освои бод за да го задржи второто место во групата, додека Бугарите мора да победат.
По првиот дел беше тензично на теренот. Кај гостите, Петков доби жолт картон по неполни 100 секунди игра, а во 14-тата минута директен црвен картон заработи Тодороски. По ова исклучување на десниот бек на Македонија, селекторот Благоја Милевски мораше да направи принудна измена и на местото на Трајковски во игра го внесе Ашковски за да ја затвори десната бековска линија.
Од фудбалскиот дел, двете селекции упатија само по еден директен удар, но тие не беа опасни. Македонија изведе два корнери, додека Бугарите немаа ниеден удар од аглот.