5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Македонија и со реми во Кардиф ќе биде втора, Велс не успеа да победи со шест гола разлика (Видео)

Репрезентацијата на Велс не успеа да ја постигне целта и да слави победа со најмалку шест гола разлика на гостувањето кај Лихтенштајн, па Македонија и со реми во Кардиф ќе биде второпласирана.

Велшаните победија со минимални 0-1 со голот на Џордан Џејмс во 62-рата минута.

Македонија и Велс сега имаат по 13 бода, но ние имаме подобра гол-разлика и затоа ни одговара и реми во Кардиф, во вторник, за да го обезбедиме баражот преку квалификациската група, што автоматски ќе значи и подобра стартна позиција и избегнување на селекциите од првиот шешир.

Сепак, Македонија има шанси и за директен пласман на Мундијалот, но за тоа ќе ни биде потребна сензационална победа на Лихтенштајн на гостувањето кај Белгија, но и наша победа над Велс.

- Оглас -

Најнови вести