Македонија им го урна планот – Косово вечерва ќе го игра мечот што го сонуваше

Косово вечерва од 18.00 часот ќе го игра мечот што сите во една од најтазе државите во Европа го сонуваа, но планот им го урна Македонија.

Ќе ѝ гостуваат на Грузија во квалификациски меч што ќе се игра во Батуми. Косоварите се надеваа дека ќе бидат гости во Тбилиси во ноември лани, кога наместо тие, Македонија патуваше за Тбилиси и забележа историска победа од 1:0 и се пласира на првото големо натпреварување, на ЕП 2020.

Во полуфиналето на Сегментот Д во Лигата на нациите го победивме Косово со 2:1 и се изборивме за финале, во Тбилиси против Грузија.

Сè потоа стана фудбалска историја. Македонија предводена од капитенот Горан Пандев, кој го постигна победничкиот гол, ја надигра Грузија и се пласира на ЕП.

Косово ќе чека нова шанса, а вечерва игра токму против Грузијците во меч од Б групата за пласман на СП во Катар, и тоа една година подоцна од тоа што се надеваа и го сонуваа, за пласман на ЕП што заврши летово.

 

- Оглас -

Најнови вести