Македонија има егал на полувреме, Пандев е вториот највозрасен стрелец во историјата на ЕП (Видео)

Македонија има нерешен резултат 1:1 по првото полувреме во дебито на големите натпреварувања. Денеска го играме првиот меч на Европските првенства, а почнавме лошо и Стефан Лајнер ни даде гол по 18 минути игра.

За среќа, брзо израмнивме со голот на капитенот Горан Пандев во 28-мата минута. Популарниот Гоче стана втор највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства на возраст од 37 години и 231 ден.

Интересно е што Австриецот Ивица Вастиќ сè уште е најстариот играч што постогнал погодок на ЕП, во 2008 година.

За Македонија и Австрија ова е премиерниот меч од Ц групата, во која се и Холандија и Украина, селекции што ќе играат подоцна, од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести