Македонската ракометна репрезентација води на полувреме против Украина со 13:10. Во текот на сите 30 минути, нашите ракометари ниту еднаш не му дозволија на противникот да поведе, но сепак оваа предност не е никаква гаранција, па во вториот дел мора да се одигра на уште подобро ниво за да се стигне до првата победа на ЕП во Виена.
Македонија поведе со 1:0 и 2:1, а Украинците два пати израмнуваа. Потоа следеа два гола во низа за нашите ракометари, а во 14 минута за прв пат поведовме со 6:3. Потоа беше и 7:4, но Украинците покажаа дека нема да се предадат во првата фаза од мечот, па намалија на 7:6.
Тоа како да беше знак да се засили одбраната кај нашиот тим, па за брзо време ја вративме комотната предност, па во 22 минута беше 10:6. Дека има осцилации во играта се покажа и по серијата од 3:0 на Украина за 10:9, но до крајот на првиот дел нашите ракометари не дозволија да ја испуштат предноста.
Капитенот Кирил Лазаров со четири гола е прв стрелец во нашиот тим, додека по два погодоци дадоа Георгирвски, Манасков и Талески, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Пешевски, Стоилов и Танковски.