Македонија ја победи Црна Гора, во салата имаше едвај 50 луѓе

Македонската футсал репрезентација со 2:1 славеше над селекцијата на Црна Гора во пријателски меч одигран во малата сала во „Јане Сандански“. По првото полувреме немаше погодоци, но затоа повозбудливо беше во вториот дел.

Македонија поведе со голот постигнат во 25-тата минута, а само две минути подоцна Црногорците си дадоа автогол за водство на нашата репрезентација од 2:0.

До крајот на дуелот Црногорците постигнаа почесен погодок на три минути до крајот, но не успеаја да се спасат од пораз.

Оваа победа на Македонија ја поздравија едвај 50-тина гледачи кои беа присутни во салата. Не е ни чудно зошто немаше повеќе гледачи бидејќи од Фудбалската федерација ниту на официјалниот сајт, ниту на фејсбук-страницата немаше никаква најава за овој дуел.

Повеќе гледачи имаше на стримот кој се се емитуваше, каде што постојано имаше над 200 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести