Македонија ќе бара трета среќа против Словенија на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија во 18:00 часот ги стартува своите активности на претстојното Европско првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка.

Прва на нашето „мени“ е фаворизираната Словенија, која заедно со Данска важат за најголеми фаворити во нашата група, групата А.

Јасно е дека барем на хартија Словенцте имаат посилен тим, но уште појасно е дека момците предводени од Кире Лазаров нема да излезат со бело знаме и ќе се обидат да направат своевидно изненадување во Дебрецин.

Во поблиската историја, овие две селекции се имаат среќавано доста, а за нас најважниот натпревар против Словенија се одигра на 27 јануари 2012 година, кога ги победивме со 28:27 во мечот за петтото место кое се одржа во соседна Србија.

Последниот наш успех против оваа селекција е во 2018 година, исто така на Европско првенство, но овојпат во Хрватска, каде што славевме со 25:24.

Словенија е многу подобра во последните дуели, а за тоа показател е и СП во Египет кое се одржа минатата година, каде што не победи со (пре)убедливи 31:21. Но, оваа наша селекција сега има поголемо искуство и знае како треба да одигра, а зошто да не и да се надева на трета среќа против фаворизираната селекција.

- Оглас -

Најнови вести