Македонија го добива ривалот за првиот бараж за СП 2023, ќе бидеме фаворити!

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го добие противникот за првиот бараж во борбата за пласман на Светското првенство во 2023 година. Нашата репрезентација имаше слаб настап на ЕП кое утре завршува, па пласманот на 22-та позиција, ја стави Македонија во сложена позиција и ќе мора да победи во два баражи ако сака да биде дел од Мундијалот следната година.

Во првиот бараж, Македонија ќе биде во улога на носител, а во ист барабан ќе бидат и Австрија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Литванија, Португалија, Украина, Словенија и Словачка, што значи дека тие не може да ни бидат противници.

Во улога на неносители, односно како можни ривали на Македонија во првиот бараж се селекциите на Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија, Романија или Швајцарија. Бараж дуелите ќе се играат на 14 и 20 март.

Доколку го поминеме овој бараж, Македонија ќе има многу посилен втор противник како пречка за пласман на СП 2023. Во втората фаза од баражот во улога на носители и можни противници на Македонија ќе бидат Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија и Русија, Црна Гора, Холандија и Исланд.

Вторите бараж дуели се закажани за 11 и 17 април по што ќе бидат познати патниците на Мундијалот 2023 година. Македонија досега седум пати била дел од планетарните собири, а пет пати во низа е дел од светскиот ракометен крем.

- Оглас -

Најнови вести