Македонија на 22 и 30 ноември ја чекаат двете најважни ждрепки во фудбалската историја

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Израел го игра својот последен меч од квалификациите за Европското првенство кое е закажано за следната година, а веќе в петок со нетрпение ќе чекаме во Нион да ни се насмевне среќата и да бидеме извлечени како домаќини во евентуалното финале на Лигата на нациите на 31 март 2020, доколку пред тоа во полуфиналето дома на 26 март го совладаме Косово.

На 30 ноември во Букурешт е уште една потенцијално важна ждрепка за нас. Тогаш ќе се знаат групите на завршницата на континенталниот собир. Ќе се знае и во која група ќе се најде и победникот од плејофот во Лигата Д од Лигата на нациите, а Македонија е меѓу четирите кандидати.

Како што стојат работите во моментов (можни се промени по вечерашните мечеви), носителите при ждрепката ќе изгледаат вака:

1 шешир: Италија, Англија, Белгија, Шпанија, Украина, Франција.

2 шешир: Германија, Швајцарија, Хрватска, Полска, Русија, Португалија.

3 шешир: Турција, Данска, Холандија, Австрија, Шведска, Чешка.

4 шешир: Унгарија, Финска и победниците од четирите лиги во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести