20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Македонија нема да загуби од Саудиска Арабија, неверојатната серија на Русија ќе продолжи (Фото)

6751 Саудиска Арабија – Македонија (17:00)

Репрезентацијата на Македонија е во серија од 10 натпревари без пораз, а избраниците на селекторот Благоја Милевски сигурно дека ќе сакаат таа низа да продолжи и по денешниот меч против Саудиска Арабија. Македонија има седум победи и три нерешени на последните 10 меча, додека Арапите имаат само една победа на последните пет натпревари.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.23)

 

6708 Словачка – Германија (20:45)

Квалификациите за Светското првенство за селекциите на Словачка и Германија започнуваат денес бидејќи се дел од група со четири репрезентации. Овие две селекции низ историјата имаат одиграно пет меѓусебни натпревари, на кои Германците трипати победиле и секогаш тоа било најмалку со по три гола. Германија ја има победувано Словачка со 3-0, 2-1 и 4-1.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.05)

 

6764 Исланд У21 – Фарски Острови У21 (19:00)

Можеби звучи чудно, но репрезентациите до 21 година на Исланд и на Фарски Острови денес ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар во историјата, иако двете припаѓаат на групата скандинавски селекции кои честопати играат натпревари од пријателски, односно контролен карактер. Исланѓаните ја имаат фаворитската улога против „соседот“, пред сè поради одличните резултати на контролните натпревари пред почетокот на квалификациите. Исланд ги победи Шкотска (6-1), Унгарија (3-0) и Полска (2-1).

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.85)

 

6724 Русија – Јордан (19:00)

Русија има серија од 18 пријателски натпревари без пораз по суспензијата од УЕФА и ФИФА, од кои 12 се победи, а вкупната гол-разлика е фантастични 58 дадени и седум примени гола. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Русија и Јордан, но нема сомнеж дека Русите се фаворити и на овој натпревар и од нив се очекува нова победа.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.69)

 

5618 Алжир – Боцвана (21:00)

Алжир е лидер во својата група и на чекор од пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а за да останат на тој пат, потребна им е победа и над Боцвана. Гостите се во игра за влез во баражот, но традицијата вели дека никогаш претходно не успеале да останат непоразени против Алжир, па исто сценарио се очекува и на денешниот меч.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести