По освоениот бод во дуелот против фаворизираната Португалија, македонската ракометна репрезентација има шанси да ја помине групата на Европското првенство и да биде дел од главната фаза.
Во последното, трето коло, Македонија ќе игра против Романија. Тоа е единствената селекција која и според рангирањето е послаба од Македонија. Романците загубија во првите два кола и тоа убедливо од Португалија и Данска и немаат никакви шанси да одат понатаму.
Сепак, имаат шанса за третото место, но секако за тоа треба да ја победат нашата селкција. Според коефициентите кои ги има во Sport Life, Македонија никогаш досега не била толку голем фаворит за победа на дуел од Европско првенство.
Проценките за тоа што треба да се очекува на дуелот Македонија – Романија е победа на нашата селекција со 9 или и повеќе разлика, затоа што хендикепот е поставен на 8,5 голови.
За чиста победа на Македонија, квотата е само 1,07, што јаспо потврдува кој е огромен фаворит во овој меч.


