35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Македонија одигра одлично полувреме, брзите Корејци ги скротивме со одлични контранапади

Македонија одигра одлично прво полувреме против Јужна Кореја во последниот меч на Мундијалот во Полска и Шведска и води со 20:19.

Се игра меч од Президент купот за 27-мо место, а избраниците на Кирил Лазаров успеаја да ги скротат брзите Корејци со нивното оружје со фантастични контранапади.

Ненад Костески беше брз како виор и постигна пет гола, сите во ситуација еден на еден со голманот на Јужна Кореја.

Филип Кузмановски даде 4 гола, Талески и Серафимов постигнаа по три, а стрелци за Македонија беа и Ѓонов двапати и Стојковиќ и Петров по еднаш.

Без разлика на исходот, ова ќе биде најслабиот пласман за Македонија на големите натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести