Македонија по две децении пак ќе игра на „Сент Мери“ – Андонова знае како Шакири да даде гол од корнер (Видео)

Македонска репрезентација по две децении повторно ќе гостува во Саутхемптон на стадионот „Сент Мери“, а овојпат дамите ќе ѝ бидат гости на Англија во квалификациски меч за настап на Мундијалот во 2023 година.

Мечот ќе се игра од 20 часот вечерва на стадионот што ни е во убави спомени. Македонската машка репрезентација пред две децении приреди првокласна сензација и одигра 2:2 против апсолутниот фаворит Англија.

Артим Шакири му даде незаборавен гол директно од корнер на Дејвид Симан, а ремито на „Сент Мери“ беше една од најголемите фудбалски сензации во тоа време.

Сега дамите од А селекцијата на Македонија ќе се обидат да приредат подвиг предводени од нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова.

Интересно е што и Андонова има постигнато гол од корнер на официјален меч во врвна лига, а беше стрелец од најтешката позиција во фудбалот како фудбалерка на Барселона пред три години.

https://twitter.com/LaLiga/status/967779183278530560?s=20

Токму Андонова како капитен ќе ја предводи нашата репрезентација вечерва на за нас среќниот стадион во Саутхемптон против Англија, селекција која повторно е апослутен фаворит за победа, како што беше и во октомври 2002 година пред мечот што заврши со нерешен резултат 2:2.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести