Македонија против Косово ја брка првата победа во женската Лига на нации (Фото)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од првото издание на Лигата на нациите во женска конкуренција. По стартниот пораз од Бугарија на домашен терен со минимални 0-1, нашите фудбалерки повторно играат домашен меч, овојпат со Косово.

Според квотите во Sport Life, девојките од нашиот северозападен сосед се фаворитки со квота од 1.66, но затоа квотата за победа на Македонија е одлична, дури 4.95.

Дуелот против Косово е одлична можност, но веројатно и последна да се фати приклучок кон врвот на табелата, каде што во моментов се наоѓа репрезентацијата на Бугарија со четири бода од два натпревара.

Натпреварот Македонија – Косово се игра на теренот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје со почеток во 13 часот.

Денес ширум Европа се играат вкупно 24 натпревари од женската Лига на нации, кои може да ги најдете во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести