Македонија ќе нападне со млади сили, Адеми со кам-бек во стартниот тим

Селекторот Благоја Милевски за вечерашното гостување кај Лихтенштајн, одлучи во почетниот состав да ги вметне младите Чурлинов и Милан Ристовски во нападот, а зад нив како поддршка ќе бидат Трајковски и Елмас, додека средниот ред ќе го комплетираат повратникот Адеми и Спировски.

На голот нема изненадување, тука е Димитриевски, а квартетот во одбрана е Ристовски, Велковски, Ристевски и Алиоски.

На клупа остануваат новото засилување за средниот ред, Ердал Ракип, како и искусниот голгетер Јаховиќ. Муслиу нема право на настап поради суспензија, но најважно е нападот да биде на потребното ниво, Македонија е фаворит, и тимот мора со сите сили да нападне и да ги освои трите бода.

- Оглас -

Најнови вести