Македонија со пад за две места на ФИФА-листата, има нов лидер во светски рамки

Македонската фудбалска репрезентација ќе претрпи пад на најновата ФИФА-листа која официјално ќе биде потврдена на 11 јуни. Според направените проекции, пред стартот на Светското првенство, Македонија ќе падне на 69-тото место во светот со 1369.16 бодови.

Овој пад на Македонија не е неочекуван ако се знае дека во изминативе 10-тина дена нашата селекција одигра два контролни меча во кои одигра 0:0 против Босна и Херцеговина и убедливо со 4:0 загуби од Турција. Со овие резултати, Македонија ја продолжи лошата низа, па сега нема победа на последните осум натпревари, а нема дадено гол на последните четири средби.

Пред Македонија, сега се и Зеленортските Острови, селекција која ќе игра на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Интересно е дека промени има и на врвот на светската листа. Франција, која досега беше лидер, сега падна на третото место, додека Аргентина од третата позиција скокна на првото место. Втора останува Шпанија. Разликата на селекциите во Топ 3 е многу мала. Лидерот Аргентина има 1874.81 бода, Шпанија е со 1873.01 бода, а Франција сега има 1869.43 бода.

Меѓу најдобрите 10 на ФИФА-листата има место и за: Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.

- Оглас -

Најнови вести