Македонската одбојкарска репрезентација победи со 3:2 над Египет во меч од меморијалниот турнир Бранко Хаџииљоски – Чајка. Повеќе од два и пол часа траеше дуелот, а на крајот нашите најдобри одбојкари беа поконцентрирани во клучните моменти и се радуваа на победата.
Македонија добро го започна првиот сет и постојано имаше предност. Египет тигна до 17:17, но потоа со три поени во низа, нашите одбојкари стигнаа до преност која ја сочуваа до крајот на првиот сет и го добија со 25:22.
Во вториот сет, Египет ја имаше контролата на резултатот. Беше 11:11, кога гостите освоија четири поени во низа и до крајот не ја испуштија предноста па го добија сетот со 25:22. Египет доминираше и во третиот сет кој го отвори со водство од 6:1. Нашите одбојкари стигнуваа до еден поен негатива (17:18), но немаа сили за пресврт и на крајот беше 25:21 за противникот.
Четвртиот сет беше најизрамнет. Македонија почесто беше во водство, кое најмногу изнесуваше три поени (18:15), а во финишот беше 24:23, а Љафтов го освои клучниот 25-ти поен за да израмниме на 2:2 во сетови.
Во решавачкиот петти сет, Македонија имаше два лоши приеми на сервис, па Египет тргна со 4:1 во поени, а потоа имаше и 7:4. Македонија намали на 7:6, но потоа противникот повторно стигна до плус три (11:8). Со два одлични блока, Македонија стигна до 11:11.
Египет потоа повторно стигна до два поени предност (13:11), но тогаш Македонија со три поени во низа стигна до 14:13, но потоа Ѓорѓиев сервираше во аут и не ја искористивме првата меч топка, но потоа со блок поен Македонија стигна до 16:14 и победа.