Македонија заврши на 12-тото место на Светското првенство

Македонската женска репрезентација за ракометарки до 18 години го освои 12-тото место на Светското првенство кое се игра во Скопје. Во последниот меч на Мундијалот, Македонија загуби од Хрватска со 28:32 во борба за 11-тото место.

Во почетните 15 минути резултатот беше израмнет 7:7, а потоа се случи несфатлив пад во играта на нашата селекција. Хрватките со серија од 8:0 стигнаа до убедливи 15:7, а на полувреме Коцкестите водеа со двоцифрена предност од 20:10.

Во второто полувреме Македонија заигра многу подобро. Од минута во минута се топеше предноста на противникот, па во 48-мата минута нашите ракометарки стигнаа до само три негатива.

Сепак, избраничките на Љубомир Савевски немаа сили за целосен пресврт, па на крајот поразот е издржлив само од четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести