Македонската фудбалска експедиција веќе пристигна во Варна, од каде со автобус ќе патува за Разград, градот домаќин на премиерниот меч против Бугарија во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.
Мечот што е прв за двете селекции во новиот циклус на натпревари во Лигата на Нации ќе се игра на 2. јуни од 18 часот, а од утре домаќините во Разград подготвуваат специјално изненадување.
На 1. јуни ќе биде отворена фан-зона на плоштадот Ларго во Разград, со забавни содржини наменети за жителите на овој град, но и за гостите.
Во фан-зоната ќе има и македонски навивачи, а Бугарите најавуваат дека сакаат да организираат фудбалски спектакл за уживање за сите и за домашните и за гостинските навивачи.
На 2. јуни во фан-зоната ќе може да се следи и натпреварот за сите што нема да можат да купат билети.