Македонскиот репрезентативен голман има нов клуб

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, е нов член на Борац Бања Лука. Договорот со актуелниот првак на Босна и Херцеговина му е на една година. 

Дамјан кариерата ја почна во редовите на Работнички, а ги носеше дресовите и на белгиски Гент, фински Лахти и Ропс, кипарска Докса и ерменски Арарат.

„Доаѓам во тим кој минатата сезона ја освои титулата во шампионатот на Босна и Херцеговина, и знам дека целта е да го одбраниме трофејот. Им благодарам на управата на клубот за укажаната доверба, а на мене е со моите одбрани да придонесам за постигнување на сите цели“, рече Шишковски

Во Борац соиграч ќе му биде Себастијан Ерера со кого е во кумска врска.

„Од него веќе добив информација дека тимот е полн со одлични играчи и уште подобри луѓе надвор од теренот. Тоа е клучот за добри резултати“, вели Шишковски.

- Оглас -

Најнови вести