Македонскиот шампион слави роденден – 73 години ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар го слави 73-тиот роденден по формирањето на 22 јули во 1947 година. Со спојување на тогашните два градски ривали ФК Победа и ФК Македонија, се роди моментално најтрофејниот колектив во земјава.

Вардар е единствениот македонски клуб кој успеа да обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа во сезоната 2017/18, што ќе остане запаметено во историјата како прв клуб кој играл на европската сцена во независна Македонија.

Со 11 титули во првенството, Вардар е најтрофеен клуб, а последната титула ја освои по прекинот на актуелната сезона предизвикан од пандемијата со корона-вирусот. По една титула се бележи во поранешното првенство на Југославија, како и Купот, додека во Македонскиот куп имаат пет пехари.

- Оглас -

Најнови вести