Македонскиот снукер испиша историја со дебитанскиот настап на ЕП

Денес точно напладне, 16-годишниот шампион во снукер на Македонија Филип Нешкоски, ја имаше привилегијата да го скрши мразот на Европското првенство во Португалија во категоријата до 18 години соочувајќи се со Литванецот Никита Колпаченко.

Настанот е во Албуфеира, Португалија, во организација на Европската Билјард и Снукер Асоцијација кој започне денес, а ќе заврши на 22 март и ќе ги собере најдобрите европски аматери во снукер кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини У18, У21, 6 црвени и сениори.

Во конкуренција со 70 натпреварувачи од 27 земји младиот Филип во следните два дена ќе игра во групната фаза 4 меча, од кои посебно интересно ќе биде вкрстувањето со минатогодишниот Европски јуниорски шампион од Ирска, Арон Хил. Од 13 март дебитираат и нашите двајца сениори, националниот првак Павле Данилов и Влатко Јанев прво во дисциплината 6 црвени, па во сениори.

Значајно е да се спомене дека во македонскиот тим во Португалија е нашата меѓународна судијка Ана Србиновска, чии работни задачи исто така започнуваат денес.

- Оглас -

Најнови вести