36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

„Македонските“ екипи во Шкотска победија, Бабунски даде еврогол од слободен удар (Видео)

Четворицата македонски интернационалци кои настапуваат во Шкотска, попладнево забележаа победи со своите екипи во Лига купот. Давид Бабунски и Кристијан Трапановски беа стартери за екипата на Данди јунајтед во победата од 2-1 над Аир. Токму Бабунски со прекрасен гол од слободен удар го отвори резултатот во 17-тата минута. И Бабунски и Трапановски беа заменети во 64-тата минута.

Давор Здравковски беше стартер во победата на Мадервил на гостински терен над Клајд со 1-3. Нашиот интернационалец во 45-тата минута доби жолт картон, а во 78-мата минута беше заменет.

Победа забележа и екипата на Абердин на гостувањето кај Ист Килбрајд со 0-4, но Бојан Миовски остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап. Нашиот репрезентативец е во очекување на трансфер во Серија А, а раководството на Абердин за неговите услуги бара осум милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести