И покрај поројниот дожд, теренот на арената „Тодор Проески“ изгледа добро.
Нема вирови, нема кал и би требало да биде добар за да гледаме машка борба на нашите најдобри фудбалери против четирикратниот светски првак Германија.
Македонија ја победи Германија во Диселдорф, а сега треба да освои три бода за да биде во пол позиција за пласман на второто место кое води во баражот за Мундијалот во Катар.