Македонските навивачи се закон во Букурешт – Австриската репортерка успеа да го сними „Излези момче…“

Македонските навивачи се закон во Букурешт на неколку часа пред историскиот меч на нашата репрезентација против Австрија, а распеани и разиграни успеваат да ја размрдаат престолнината на Романија.

Во стариот дел од градот има вистинска окупација од Скопје, Битола, Прилеп и сите македонски градови, а и буквално кафеаните и кафулињата се обоени во нашите национални бои.

Тоа го привлече и вниманието на австриските новинари, кои доаѓаат за да ги снимат разиграните и распеани Македонци. Веднаш пристигна и екипа од „oe24.at“ за да сними прилог за бројната армија на навивачи од Македонија и се што успеаја да снимат е познатата песна „Излези момче право на тераса“.

Репортерката од Австрија си почека неколку минути со насмевка на лицето, со намера да се вклучи во живо, а се што успеа е да го сними спектакуларното навивање на нашите навивачи кои се погласно грмеа „Излези момче право на тераса“.

Громогласното скандирање на македонските навивачи го привлече вниманието на сите во Букурешт и им го разубави неделниот врнежлив ден во главниот град на Романија.

- Оглас -

Најнови вести