14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Македонските репрезентативци со Динамо во јуриш да ја потопат Жолтата подморница

Хрватскиот првак Динамо Загреб тргнува во поход за ново чудо во Лигата на Европа. Модрите на својот „Максимир“ го пречекуваат шпанскиот Вилјареал во првиот меч од четвртфиналето. Традицијата вели дека Динамо досега во 14 натпревари против шпански екипи има дури 11 порази, две нерешени и само една победа. Тоа што охрабрува е дека токму таа една победа е над Жолтата подморница.

Двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се во стартниот тим на Динамо. Тие двајца играа и во историскиот меч против Тотенхем во победата од 3:0. Според формацијата, Динамо ќе игра 4-2-3-1, додека гостите од Шпанија тргнуваат офанзивно со тројца напаѓачи.

Интересно треба да биде и на дуелот Ајакс – Рома, а домаќините од Амстердам стандардно играат во формација 4-3-3. Душан Тадиќ е главниот адут во нападот на Ајакс, додека на спротивната страна, кај Рома, најистурен во офанзивниот дел ќе биде Един Џеко. Римската волчица ќе игра во формација 3-4-2-1.

 

- Оглас -

Најнови вести