Македонските тенисери направија успех, одиме кон Втората светска група

Тениската репрезентација на Македонија после денешниот меч со Летонија, обезбеди место во Втората светска група на Дејвис купот. Македонија во 2010 година последен пат играше во тогашната Втора Евро-африканска зона, што значи и промоција по 15 години.

Клучниот поен го донесе Калин Ивановски со победата над Артурс Жагарс од 6-3, 6-4.

Во првиот сингл меч од последниот ден од Третата Европска група од Дејвис купот Летонија поведе против Македонија после мечот на двајца млади тенисери Рихардс Неиманис (17 години) и Кристијан Јанев (16 години). Нашиот тенисер загуби со 3-6, 3-6.

(Фото: Игор Паневски)

На крајот Летонија победи со 2-1, тие славеа и во дуелот во двојки кој немаше големо значење, па Летонците заедно со Македонија и Црна Гора, ќе играат плејоф за влез во Втората светска зона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести