Министерството за внатрешни работи на Македония и Бирото за јавна безбедност, се обидуваат средбата од второто квалификациско коло од Конференциската лига помеѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија, да не се игра во Скопје.
МВР испратило предлог до ФФМ мечот в четврток на 21 јули, да се игра во Струмица, а не во Скопје каде што има протести и зголемен ангажиман на полицијата во главниот град. ФФМ ја известило УЕФА, но досега не е добиен одговор.