Иван Тричковски се врати на фудбалските терени по повредата и тоа го стори на најубав можен начин, со гол за АЕК Ларнака против Аполон.
Во кипарското дерби Тричковски беше прецизен на стартот од мечот, во седмата минута и му донесе предност на АЕК.
Напаѓачот го пропушти стартот од квалификациите со македонската репрезентација поради повреда и не играше против Летонија и Словенија, но одлично е што брзо закрепна и се врати во составот на АЕК и тоа со гол. За него ова е прв гол во последната фаза од кипарскиот шампионат во Топ-6 фазата и битката за титулата.