Малер на неделата! Голот на Аталанта во 94-тата минута „му украде“ 287.000 денари

Последните мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите донесоа големи возбудувања, посебно за еден обложувач во Sport Life. Само на пет одиграни меча од ЛШ со вложени 50 денари, можната добивка беше 287.323 денари, а неверојатен е начинот на кој тикетот остана недобитен.

Погодена е победата на Реал Мадрид на гости кај Бриж, плус и домаќините додоа гол (1:3), а и победата на Баерн Минхен против Тотенхем (3:1) со дополнителен услов да има од два до четири гола. И победата на Јувентус на гости кај Баер Леверкузен е со тип за голови 2-4. Старата дама славеше со 2:0.

На Динамо Загреб – Манчестер сити прогнозата била дека ќе биде Х-2 со 2-5 голови. На полувреме беше 1:1, а на крај гостите славеа со 4:1 и тој пар беше добитен. Најтежок тип за погодување беше Шахтар – Аталанта. Прогнозата е Х-2 и 0-2 гола. На полувреме беше 0:0, а Аталанта во вториот дел даде погодоци во 66-тата и 80-тата минута за 0:2 и тоа ќе беше добитен тикет. Сепак, во 94-тата минута одбраната на Шахтар направи кикс и Аталанта даде уште еден погодок за 3:0. Тој гол едноставно „му ги украде“ 287.323 денари на обложувачот кој го доби епитетот за малер на неделата.

- Оглас -

Најнови вести