Малерозниот Лукаку ќе беше втор најдобар стрелец во историјата на ЕП, да немаше толку поништени голови

Првата ѕвезда во нападот на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку уште се нема запишано во листата на стрелци на ова ЕП. Не е дека Лукаку не е активен и дека не влегува во шанса, само едноставно нема среќа да постигне регуларен погодок.

На првите два меча, Лукаку вкупно три пати ја тресеше мрежата на противниците, но сите три голови беа поништени поради недозволени позиции или играње со рака. Ако се додаде и фактот дека и на претходното ЕП, Лукаку имаше еден поништен погодок, со четири гола тој е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови кои потоа биле поништени.

На синоќешниот дуел против Романија, буквално еден или два милиметри беа во прашање за Лукаку сепак да биде во офсајд позиција и погодокот да му биде неважечки. Доколку четирите голови на Лукаку беа регуларни, тој сега ќе беше на второто место на најдобри стрелци во историјата на ЕП.

Прв на оваа листа е неприкосновениот Кристијано Роналдо со 14 голови постигнати на 27 меча. Зад него е Мишел Платини кој има дадено девет голови во само пет средби, а со по седум погодоци се Ален Ширер, Алваро Мората и Антоан Гризман.  Лукаку е во групата од осум фудбалери со по шест гола. Ако се додадат и четирите поноштени погодоци, Лукаку ќе имаше 10 гола на ЕП и ќе беше втор стрелец на сите времиња. Сепак, ВАР технологијата сега не остава ништо на случајноста и Лукаку е далеку од загрозување на постигнувањето на Платини кој е втор стрелец на сите времиња на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести