Депортиво де Мирандес го победи Овиедо со 1-0 во првиот меч од финалето во плејофот за влез во шпанската Ла Лига.
Мирандес победи со гол постигнат уште во третата минута. Се истакнаа и голманите. Чуварот на мрежата на гостите, Арон Ескандел, беше расположен и во неколку ситуации спречи поубедлив пораз на Овиедо, а домашниот голман Раул Фернандес одбрани пенал во 85-та минута и спречи на реванш да се замине со реми.
Реваншот е за шест дена во Овиедо, кога за тимот од Астурија би требало да игра и ветеранот Санти Касорла кој беше нивен јунак во полуфиналето.
Мирандес е клуб кој никогаш порано не бил прволигаш, игра на стадион со помалку од 6.000 седишта, а географски најблиски му се Билбао и Виторија (Алавес) со кои би имал соседски прволигашки дербија, ако успее да испише историја.
Alberto Reina | 🇪🇸 Mirandes 1-0 Real Oviedopic.twitter.com/VTeJM9FOkK
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 15, 2025