Пер запна на своја штета, за малку ќе го урнеше неверојатниот и неславен рекорд на Ана Курникова (Видео)

Францускиот тенисер Бењоа Пер имаше кошмарен настап на Ролан Гарос, загуби од Илја Ивашка со 1:3 во сетови и сервираше исклучително лошо со 24 двојни сервис грешки.

За малку не го урна рекордот на Марк Росе од пред 26 години, кога Швајцарецот на меч на Вимблдон нанижа дури 26 двојни сервис грешки и во 1996 година загуби од Мајкл Џојс.

Денеска Пер беше многу блиску, а и билансот од 24 двојни грешки е катастрофален.

Апсолутниот рекорд сепак го држи тениска дама, а познатата Ана Курникова е светска рекордерка со дури 31 двојна сервис грешка.

Во 1999 година во второто коло на Австралија опен против Михо Саеки, Курникова имаше неверојатен број на дупли грешки при сервис, точно 31 и сепак некако успеа да победи со 1:6, 6:4, 10:8.

Пер денеска загуби од Ивашка во четири сета со 3:6, 5:7, 6:1, 5:7, на меч што вчера беше прекинат поради дожд во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести