Марио Пашалиќ во 27-мата минута ја отвори четвртфиналната пресметка меѓу Аталанта и ПСЖ, а неговиот гол за малку ќе беше одлучувачки пред да се случи сензационалниот пресврт.
Маркињос и Чупо-Мотинг ја расипаа забавата во исчекување во Бергамо, но и покрај присутното разочарување, Хрватот истакна големи амбиции и за следната сезона.
„Вистинска штета, бевме многу блиску до пласман во полуфиналето. Сепак, тоа е Лигата на шампионите, квалитетните екипи имаат ваква способност да постигнат два гола за две минути. Нормално дека сме разочарани, нема сомнежи дека дадовме сè од себе да победиме. Покажавме дека можеме да се надигруваме и со најдобрите тимови во Европа, затоа со нетрпение ја очекувам новата сезона. Ќе се подготвиме уште подобро за да го повториме овој успех“, истакна Пашалиќ.