4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Малку прогнозери веруваат дека Наполи може да победи во Рим

Десеттото коло на Спортската прогноза носи 13 интересни и предизвикувачки мечеви за типување, а ако не сте меѓу оние над 1.000 прогнозери кои веќе се изјаснија, сторете го тоа денеска или најдоцна утре до 14 часот кога е крајниот термин за прогнозирање.

Играчите на бесплатната игра се најподелени околу исходот на Челзи – Арсенал, а за дербито во Италија помеѓу Рома и Наполи, над 50 проценти мислат дека ќе заврши нерешено. Само 17,4 отсто веруваат во победа на првакот. Најмногу „иксови“ и има за градското дерби во Севилја.

Најголеми фаворити со над 70 отсто прогнози се Вердер против Келн, Мајорка против Осасуна, Селта во дуелот со Еспањол и Нотингам форест кој е домаќин на Брајтон.

Како и во секое коло така и сега, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 средби. За таков подвиг следува подарок  iPhone 16. За 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката е за ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести